Рускиот теренец вечно ќе одолева на годините
И покрај тоа што неговото потекло датира од почетокот на ’70-тите години, UAZ Hunter продолжува и понатаму да се произведува и осовременува, толку колку ресурсите на руската компанија дозволуваат. А желба за тоа тие имаат и амбициозно најавија лансирање на неколку негови посебни верзии. Какви не кажуваат но простор за делување имаат доволно бидејќи робусниот теренец сега е достапен само во две верзии, покрај основната која секако има изразени теренски својства и уште една засилена со поголем потенцијал за снаоѓање на негостољубиви терени.
Задвижувани се со 2,7 литарски бензински мотор со 112 коњски сили кој исполнува само еуро 2 норми, спарен со петстепена кинеска трансмисија и погон на сите тркала со редуктор. Максималната брзина изнесува 130 километри на час, а потрошувачката над 13 литри при брзина од 90 km/h.
Неговата цена во Русија изнесува нешто над 15 илјади евра. Продажбата се движи на ниво од неколку стотина примероци годишно.