Twingo Cup – Блажевски ги скроти биковите

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Нов лидер во домашниот шампионат!

Марко Блажевски од македонските возачи доминираше на Ред Бул Ринг патеката во Австрија каде минатиот викенд се возеа две трки од Twingo Cup, и со две победи го презеде водството во генералниот пласман на првенството на Македонија. Блажевски беше блиску и до триумф на втората трка во генерален пласман но, поради гужвата на патеката од заостанати возила го загуби лидерското место. За Блажевски ова е вторпат во кариерата да се искачи на подиумот во генерален пласман на Twingo Cup каде сезонава настапуваат над 30 возачи од неколку земји. На подиумот во првенството на Македонија се искачија и Владимир Тренески кој беше второпласиран и Ангелче Стојковски кој го освои третото место. На подиумот во првенството на Македонија на првата трка се искачија и Давид Малинковски кој беше второпласиран и Слободан Трајковски на третото место. За Трајковски ова е прв подиум сезонава, додека Малинковски на сите три досегашни трки се искачуваше на подиумот. Следната трка се вози на 23 и 24 јули во Хрватска на патеката Гробник.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER