Tushek Aeon – Словенците коњ за трка имаат

Хипер автомобилот ќе има две верзии на погон, струја и хибрид

Името на Аљоша Тушек полека, но сигурно се искачува на сцената на хипер автомобили. Поранешниот автомобилистички натпреварувач посветен е на правење уникатни автомобили десетина години, а првиот свој производ го понуди 2019-та. Тоа беше ТЅ 900 кој имаше комбинација на 4,2 литрен V8 и два електро мотори со системска сила од 950 коњи.

Сега јавноста ја изненади со својот нов проект наречен Aeon, како што најавува, со импресивни перформанси. Според компјутерски генерираните фотографии јасно се гледа дека овој хипер автомобил делува застрашувачки добро. Такви треба да бидат и забрзувањата. Иако сé уште нема никакви податоци за погонот, поради малата тежина и најавената сила, Aeon ќе забрзува како ракета. Се шпекулира спринтот до стотка дека ќе трае помалку од две секунди и дека максималната брзина ќе ја надмине границата од 370 км/ч.

Исто така нема никакви податоци за погоните. Најавена е електрична верзија која на вагата ќе покаже само 1.600 килограми што со најавените 2.535 КС дава неверојатен однос на силата и тежината. Ако ова е точно, тогаш секој килограм тежина ќе го погонуваат 1,6 КС! Втората верзија ќе биде со приклучен хибриден погон. На V8 агрегатот му се придружува електричен мотор и тие заедно ќе испорачуваат 1.975 КС. Оваа верзија ќе биде полесна од електртичната за 120 килограми, па секавичните перформанси би биле идентични.

Тушек ветува уникатност во изработката за секој што ќе го нарача неговиот иден модел бидејќи персонализацијата ќе се врши според желбите на нарачателот. Така секој сопственик ќе има уникатно скроено возило со изразена персонализација на надворешноста и внатрешноста. Кога ќе го видиме првиот Aeon не е познато, ниту неговата цена. Секако дека таа ќе биде астрономска, исто како и можностите што се ветени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER