Трките се еднакво важни и за Yamaha и за Abarth

Новитети

Трките се еднакво важни и за Yamaha и за Abarth

Abarth на најдобар начин го искористи партнерството со Yamaha
Објавено на 18 април 2017 година

Маверик Вињалес и Валентино Роси одлично ја започнаа годинешната мото ГП сезона настапувајќи за Movistar Yamaha тимот. Спојот на медитеранскиот темперамент и јапонската прецизност ги сместија на првите две места на шампионатот. Возбудата допрва ќе следи, но само за љубителите на брзината на две тркала. Оние кои ги повеќе преферираат автомобилите веќе можат неограничено да уживаат во новитетот на Abarth. Креиран да ги долови мото-возбудувањата, малиот тркач со ознака 695 XSR Yamaha истовремено оддава и сатисфакција на успесите во мото ГП светот. Партнерството со Yamaha е искористено на најдобар начин за истакнување на динамичноста на новитетот. Големата употреба на јагленородни влакна на додатоците на каросеријата има главно естетска намена. Суптилните дизајнерски зафати ја зголемуваат агресивноста на настапот, навестувајќи ги перформансните што ги крие. За нив е задолжен 1,4 литарскиот турбо мотор со 165 коњи. Трансферирани преку мануелен менувач, го забрзуваат до сто километри на час за 7,3 секунди. Постигнува максимални 218 километри на час, но побитно е однесувањето при помали брзини за што Abarth 695 XSR Yamahaсе грижат Koni амортизерите и Eibach пружините. Зад тркалата од 17 инчи се наѕираат перфорираните дискови со црвените кочни клешти. Со специјален тјунинг кит тие добиваат потпис од Brembo, заедно со уште 15 коњски сили наменети за истерување на ѓаволот преку ултралесниот Akrapovič издувен систем развиен за тркачкиот свет. Неговата атмосфера се забележува и во внатрешноста, каде повторно се присутни карбонски компоненти. Не се заборавени ниту конективните технологии.

Трките се еднакво важни и за Yamaha и за Abarth. Секако и за нивните купувачи, за кои ваквите лимитираните серии се бесценети. Ексклузивноста е загарантирана со производството на по 695 примероци од секоја каросериска изведба, а цената свесно испуштена од комуникацијата со јавноста. Ние сепак дознаваме дека таа изнесува 26.350 евра за затворената и 2.500 повеќе за отворената верзија. На располагање ќе биде само една боја – тркачки сива.

Abarth 695 XSR Yamaha

клучни зборови: , , ,