Жешка пролет
30 коњи повеќе и десет килограми помалку
објавено 27. јануари 2021
Triumph во средината на март ќе го лансира комплетно редизајнираниот Speed Triple 1200 RS. Во споредба со неговиот претходник, голиот спортски моторцикл се засили за 30 коњи и сега располага со 180! Сказалката на вагата покажува тежина од 198 килограми што е за десет килограми помалку од моделот во заминување. Ова го подобрува односот моќност-тежина за цела четвртина. Максималниот вртежен момент на новиот три цилиндерски мотор од 1.160 ццм е 125 Nm. Triumph исто така ветува побрз одговор со намалување на инерцијата и ја зголеми максималната брзина на клиповите за 650 вртежи во минута, до 11.150. Нова е и шасијата која има целосно прилагодлива Öhlins суспензија како стандард. За да ја оптимизира својата ергономија, Speed Triple доби, меѓу другото, пошироки рачки и потпирачи за нозе. Стандардната опрема вклучува нов пет инчен TFT мултифункционален екран со систем за поврзување Му Triumph, брз менувач, контрола на влечење во свиоци и пет програми за возење, вклучително и режим за на патека и, за прв пат, систем за стартување без клуч. „Брзиот“ изгледа дури и порадикално отколку порано. Типичното за марката ”лице на инсект“ на двојните фарови изгледа уште поагресивно. Triumph Speed Triple 1200 RS ќе чини 17.500 евра во Германија.



