Три букви + две бројки = многу коњски сили
Mercedes ја прошири својата AMG понуда со потполно нова серија
Објавено на 19 јануари 2018 година
Иако ѕвездата на штандот на Mercedes во Детроит беше G-класата, доста внимание на американската публика привлекоа новите AMG модели кои носат суфикс 53. Пред сé CLS, со кој Mercedes ја најави новата серија перформансни мотори. Максималните 435 коњски сили се извлечени од три литри работна зафатнина со помош на два турбо компресора и еден помошен електричен компресор. Новост е EQ Boost функцијата која на возачот ќе му стави на располагање уште 22 коњи. Сите тие заедно ќе се пренесуваат на четирите тркала преку 9-степен менувач, забрзувајќи го CLS AMG 53 до стотка за 4,5 секунди. Максималната брзина е ограничена на 270 километри на час, а задоволството во возењето само со вештината на возачот. Покрај во CLS, овие мотори ќе се вградуваат и во купе и кабрио варијантите на Е-класата.