Трамп си даде автогол и се сврте против Харли Дејвидсон
Објавено на 27 јуни 2018 година
Никој не очекуваше ваков развој на настаните – претседателот на САД Доналд Трамп во обид да ја заштити американската индустрија си даде автогол и за него го обвини однесувањето на Харли Дејвидсон критикувајќи го за најавите дека заради контра-царините што Европа ги воведе за некои американски производи како реакција на царините за челикот и алуминиумот, ќе префрли дел од производството во странство. Целта на мото-производителот е кристално јасна – да се заобиколат царинските оптоварувања на ЕУ, кои изнесуваат околу 2.200 долари по мотоцикл, или меѓу 90 и 100 милиони долари минус годишно на салдото бидејќи тие сметаат дека не можат (не смеат или не сакаат – сеедно) да ги зголемат малопродажните цени во Европа. Трамп, порачувајќи им да бидат трпеливи, на ова реагираше: „Изненадува што токму Харли Дејвидсон од сите компании ќе биде прв што ќе подигне бело знаменце. Напорно се борев за нив“,напиша тој на твитер, додавајќи дека новите такси се само изговор.
Но не е баш така – европските тарифи за увоз на мотоцикли од САД се зголемени од 6 на 31 отсто, заради што, како што изјавија од Харли Дејвидсон, тоа би можело има трајни последици по работењето на компанијата.