Toyota – Yaris Cross

Поглед во иднината

По вкус на европејците?!

Уште еден мал кросовер со градски навики

објавено 31. март 2021

Судејќи според најавите крајот на летото ќе биде пренатрупан со новитети. Еден од нив ќе биде новиот Yaris Cross. Покрај елегантната линија верзијата на градскиот теренец базиран врз успешниот мал автомобил ќе биде и во робусна авантуристичка верзија со дополнителни пластични заштити, сребрени шини на покривот и темно сиви алуминиумски тркала од 18 инчи. Внатрешноста има елементи офарбано со пијано лак, делумни кожни седишта и декоративна линија. Кожа се користи на воланот и рачката на менувачот. Во име на пазарната премиера Yaris Cross ќе биде понуден во ограничено премиерно издание засновано врз изведбата Adventure. Опремата вклучува и ексклузивни кожни седишта, брусени 18-инчни алуминиумски тркала, електрична задна врата со контрола на сензорот, главен дисплеј и двобојна каросерија. Производството ќе се одвива во француската фабрика на Тоуота во Валенсиен.