Toyota – Toyota Mobility Concept

Свртување кон батериите?!

Со новата стратегија Toyota не се откажува од хибридите, но е посветена на БЕВ

Практично веднаш откако стапи на својата функција, новото раководство на Toyota ја објави дополнетата стратегија за електрификација. Под водство на новиот шеф, Коџи Сато, Toyota Mobility Concept најавува дека до 2026 година треба да се појават десет електрични модели, после кои ќе дебитира ново семејство возила задвижувани на струја.

Плановите уште предвидуваат дека дотогаш компанијата треба да произведува по милион ипол возила без емисии. Минатата година глобалната продажба на Toyota на БЕВ евидентира само 25.000 примероци. Но она што во моментов можеби е позначајно е дека целосно ќе се промени пристапот на јапонскиот производител кон плаг-ин хибридите кои сега практично ги нема во гамата.

Новопоставената цел е да се развијат технологии со кои ќе се овозможи електрична автономија од повеќе од 200 километри, со што тие значително ќе се доближат до целосно електричните возила. Никакви детали не се кажаа, но паралелно се спомена дека се формира нов тим експерти кој ќе биде задолжен за сите аспекти од развојот преку производството до продажбата.

За Европа е значајно и тоа што фабриката во Турција ќе стане центар за производство на плаг-ин возилата и батерии. Засега е потврдено дека од таму ќе доаѓа втората генерација на C-HR, а што друго ќе му се придружи не е познато. За ова ќе бидат инвестирани нешто повеќе од 300 милини евра. Од друга страна, во САД Toyota ги проширува своите производствени капацитети.

Првично во фабриката во Кентаки која наскоро ќе биде способна да произведе 10.000 возила месечно. Јапонците, исто така, ги зголемија своите вложувања скоро трикратно во фабриката за батерии која е во изградба во Северна Каролина. Нејзиното функционирање треба да започне во 2025-та, а вкупниот влог ќе достигне 3,8 милијарди долари.

Производството на батерии за електричните возила во голема мерка ќе помогне да се оствари планот до 2026-та да се достигне производство на БЕВ од 1,5 милиони примероци. Во позадината на сите овие планови се постави прашањето што ќе биде со водородните технологии, на кои во моментов иднината им е неизвесна од премногу причини.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER