Toyota RAV4 :: Без дизел, но со хибрид

Без дизел, но со хибрид

Toyota започна со продажба на новиот RAV4 од кој дизелите се исфрлени

Објавено на 21 февруари 2019 година

Сите се согласуваат дека и заменувањето на дизелите со хибридни погонски единици во Toyota RAV4 е голем чекор напред бидејќи купувачите од оваа класа возила сé уште цврсто веруваат во моторите прогласени за загадувачки. Но Toyota многу добро знае како е да се биде технолошки предводник и уште подобро како да направи добар хибрид. Со иста работна зафатнина како и во претходната генерација, новиот 2,5 литарски агрегат располага со 220 коњски сили и ги задвижува сите тркала. Од Toyota велат дека просечно троши само 4,4 литри на 100 километри, што е одличен резултат за вакво возило. Во понудата остана и дволитарскиот бензинец со 175 коњски сили.

Петата генерација на RAV4 ги задржа димензиите од претходникот, а благодарејќи на новата платформа во внатрешноста има повеќе место за патниците и нивниот багаж. Конзервативниот но практичен пристап доминира насекаде, а добрата опременост се подразбира. Мало изненадување е можноста внатрешниот ретровизор да биде заменет со ЛЦД екран. Однадвор веднаш се забележува напредокот во дизајнот, кој сега зрачи со карактерност и самодоверба. Иако остри, линиите оддаваат елеганција која ретко се среќава кај моделите на оваа јапонската марка. Со оглед на стабилноста на продажбата неколку години наназад, во успехот на новиот RAV4 не треба да се сомнева.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER