Се планира отворање на нова фабрика за следната генерација електрични возила на Lexus во Шангај
Во текот на 2027 година во Шангај треба да започне со работа нова фабрика за новата генерација на електричните модели на својата луксузна дивизија Lexus. Минатиот месец Јапонците објавија дека планираат својот удел на кинескиот пазар да го удвојат до 2030-та и тој да надмине 3,6 милиони возила годишно.
Новиот производствен погон ќе има важна улога во планираното кинеско проширување на Toyota. Јапонскиот производител на автомобили целосно ќе ја финансира изградбата на оваа нова кинеска фабрика и нема да ги користи постоечките партнерства со своите сегашни кинески партнери FAW-Toyota или GAC-Toyota.
Целта на Lexus е до 2035. година сите модели да му бидат електрични и има зацртано да продаде еден милион ЕВ до 2030 година. Во Кина минатата година марката пласираше околу 180.000 возила и додека повеќето други западни производители на автомобили се мачеа во годинава што заминува, продажбата на Lexus беше зголемена за 3% споредено со лани.
Уште нема прецизни податоци кои возила на Lexus ќе се произведуваат во фабриката во Шангај, но тоа би можело да бидат производните верзии на неодамна прикажаните концепти LF-ZC и LF-ZL
кои ќе бидат изградени на архитектурата на следната генерација ЕВ која се одликува со користење на структурно независни предни и задни делови, поради што Lexus ќе може да интегрира нови и подобрени батерии кога ќе станат достапни.
Лансирањето на овие нови модели е одложено од 2026 до 2027 година, што одлично се усогласува со планираното отворање на новата кинеска фабрика во Шангај.