Toyota Land Cruiser само за Африка

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Toyota Land Cruiser само за Африка

Со оглед на нашите патишта некој ќе праша зошто не и за кај нас, но затоа има добра причина

Објавено на 23 септември 2019 година

Toyota Land Cruiser е легенда. Се произведува од 1951 година, а сега е во својата 11 или 12 генерација – не може прецизно да се каже затоа што со текот на годините се раздвои на две семејства, а некои дамнешни модели сé уште се произведуваат. Таков е и овој што го гледате, со ознака Namib, базиран на генерацијата Ј7 од ’84-тата, комерцијално позната како Land Cruiser 70. Таа важи за еден од најиздржливите теренци направени било когаш во светот и затоа не е за изненадување што и ден-денес се произведува за африканскиот пазар. Комплетно прилагодена и неприкосновена заради доста тешките услови за експлоатација, таа е опремена е со V8 турбодизел мотор од 4,5 литри и 205 коњски сили, со непознати стандарди за издувните гасови. Но ако механиката е наменски застарена, опремата не е – Land Cruiser Namib има електрични стакла, блутут, АБС, предни воздушни перници… Седиштата се преслечени со навлаки кои лесно се симнуваат за да се исперат, а се среќаваат и други детали кои возењето го прават поудобно, како што се ЛЕД осветлувањето и разладуваната касета. Заради сето ова автомобилот воопшто не е евтин – чини околу 55.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER