Упорноста на Toyota има сила повторно да ја смени судбината на возилата
Не е прв пат Toyota да се појавува во улога на пионер. Тоа го направи со хибридните возила, а сега засилено ја промовира технологијата на горивни ќелии. Како прилог на тоа го трансформира пик-апот Hilux на погон на водород. Погонската група користи основни компоненти на Mirai. Прототипот е развиен со различни партнери и финансиска поддршка од британската влада во британската фабрика во Бурнастон.
До крајот на годината треба да бидат поставени за тестирање уште девет прототипови со кои ќе се испитува изводливоста на производствен модел. Доколку добие зелено светло, може да очекуваме Hilux на водород да пристигне во салоните пред 2030 година. Во време кога производителите на автомобили и светските влади засилено го туркаат светот кон батериски електрични возила, Toyota се опира против оваа солуција и нуди свои решенија. Со водородниот Hilux, јапонскиот производител на автомобили продолжува да испраќа порака дека продолжува со истражувањето на алтернативни горива.
Прототипот Hilux користи три резервоари за гориво под висок притисок за складирање на водородот, кој ја испраќа енергијата до хибридната батерија поставена под задниот товарен простор. Ова решение овозможува автономија повеќе од 600 километри Hilux е најновиот пример за водородната енергија што е потенцијално решение за повеќе комерцијални апликации.