Toyota Highlander :: За секого по нешто

За секого по нешто

Американските купувачи на Toyota, според формулата за секого по нешто, имаат поголем избор за разлика од Европа каде меѓу RAV4 и Land Cruiser постои голема празнина

објавено на 6 мај 2019 година

Во неа уште од 2001-вата удобно се има сместено моделот Highlander, кој сега стигна до својата четврта генерација. За разлика од сличниот по димензии 4Runner кој има крута шасија, Toyota него го постави на платформата од Camry. Таа му обезбедува поголема внатрешност и порафинирано возење. За погон се задолжени 3,5 литарски V6 бензинец со 295 коњски сили и четирицилиндричен 2,5 литарски агрегат хибридно засилен со два електромотора. Тој располага со 240 коњи и според фабричките податоци троши скромни 6,9 литри на 100 километри. Купувачите и на двете верзии ќе имаат избор меѓу погон само на предните или на сите четири тркала. Изгледот на новиот Highlander e делумно инспириран од новата генерација на RAV4, а внатрешноста му е семејно ориентирана. И покрај осумте седишта има багажен простор од 456 литри, кој може да нарасне дури до преку два кубни метри. За безбедноста и комфорот се грижат мноштво нови технологии, со голем акцент на конективноста. Продажбата ќе му започне пред крајот на годинава, по цена за околу 25 отсто повисока од онаа на далеку помалиот RAV4.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER