TOYOTA GAZOO Racing – GR 86

Дрифт со стил

Развиен за да пружи врвно возачко задоволство за разумна цена

објавено 06. април 2021

Поставувањето на моторот напред и погон на задните тркала е привилегија за малку марки, и за таквите модели треба да се платат големи суми пари. Со GR86 Toyota ја враќа во игра забавата во возењето и не крие дека е развиен врз основа на Subaru BRZ со што се развива пријателско ривалство.

Присутен на пазарот од 2012, GT86 продаден е во повеќе од 200.000 примероци и се користи во рели  и дрифт натпревари, како и гимкани. За новата интерпретација изработена од тркачкото оделение направени се срамежливи интервенции на каросеријата и темелни освежувања  во внатрешноста со апострофиран спортски изглед.  Но рационалните Јапонци нагласуваат дека главниот зафат е во областа на мотористиката.

Зголемена е зафатнината на двигателот од два на 2,4 литри и смален е спринтот до стотка од 7,4 на 6,3 секунди! Зависниците од адреналин ќе забележат дека сега моторот одговара на командите без стрес, работи меко, додека ниското тежиште и зголемената торзиона еластичност најавуваат жешки маневри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER