Уште кога се појави лани ова време концептот FT-Se на Toyota веднаш ја заинтригира јавноста иако Јапонците изричито нагласија дека се работи само за една опција за нивниот иден спортски автомобил.
Но тој очигледно брзо ја надмина оваа формулација зачекорувајќи кон сериското производство кое неофицијално се очекува во 2026-та или 27-ма година. Дека има вистина во ова потврдуваат и најновите шпекулации кои говорат дека ова агресивно купе ќе биде модерен наследник на MR-2.
Електричниот погон со преку 500 коњски сили позајмен од Lexus LF-ZC концептот треба да му обезбеди перформанси за почит. За класично расположените се предвидува и верзија со дволитарски турбо бензински мотор кој наводно се развива посебно за него и би бил централно поставен.
И двата модела треба да имаат погон на сите тркала. Од Toyota ништо од ова ниту демантираат ниту потврдуваат велејќи дека сé уште не е одлучено.