Специјално за царот
Објавено на 21 септември 2019 година
Јапонија има нов владетел и нов царски автомобил. Специјално за церемонијата на крунисувањето на царот Нарухито кој го презеде престолот земјата на изгрејсонцето после абдицирањето на неговиот татко, Toyota подготви уникатна кабриолет верзија на моделот Century, кој традиционално се користи од кралското семејство. Освен отворената каросерија од серискиот модел се разликува по рачно изработената маска и специјалната боја во седум слоеви, а модификуван е и задниот дел. Седиштата се поставени 4 cm повисоко, а наслонот е фиксиран под агол од 25 степени за да на народот му се овозможи непречен поглед на кралското семејство. Се задвижува со хибриден 5,0 литарски V8 агрегат со 431 KS. Со овој автомобил царот Нарухито ќе ја помине 4,6 километри долгата делница од царската до палатата Акасака, каде на 22 октомври ќе биде одржана церемонијата на крунисувањето на која се очекуваат високи гости од 190 земји. Планирано е возењето да трае половина час.