Toyota bZ3C – Користи батерија на BYD и наменет е само за Кина

Пет месеци од прикажувањето како концепт автомобил, Toyota bZ3C влегува во производство

Со речиси идентичен изглед со моделот што беше прикажан на смотрата на автомобили во Пекинг, Toyota bZ3C е развиена само за кинескиот пазар заедно со BYD. Објавените детали за новиот електричен автомобил откриваат дека bZ3C е долг 4.780 мм, широк 1.866 мм и висок 1.510 мм, поставен на 2.880 мм меѓуоскино растојание. Тој тежи дури 1.920 кг. Дизајнерска инспирација е превземена од другите модели на Toyota, но сепак има уникатни детаљи. Предницата доби сопствен карактер со LED фаровите поврзани со светлосна лента. Техничките детали се поинтересни отколку дизајнот. Кросоверот ќе користи литиумско-железо-фосфатна батерија која доаѓа од одделот за батерии FinDream на BYD, и иако не е откриен капацитетот, bZ3C би требало да има автономија 500 и 600 км според кинескиот циклус на мерење.

Оваа батерија ќе напојува еден електричен мотор со 268 КС, доволно за да се постигнат максимални 169 км/ч. Купувачите ќе можат да избираат помеѓу тркала од 18 и 21 инчи, а опција ќе биде LiDAR. Во интериерот ќе има дигитална група инструменти, голем централен инфозабавен дисплеј, лебдечка централна конзола и амбиентално осветлување.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER