Toyota – Амбициозни планови за Кина

До 2030 година Toyota планира да го дуплира производството на своите возила во Кина

Toyota ги удвојува своите амбиции за кинескиот пазар борејќи се да го врати уделот на пазарот изгубен од домашните брендови како BYD. Се чини дека овој потег го одразува признанието на Toyota за предизвиците со кои се соочува на најголемиот светски пазар на автомобили, каде што на локалните брендови постојано им расте пазарниот удел благодарение на понудата на конкурентни, добро прилагодени производи кои резонираат кај кинеските купувачи.

Затоа јапонците сакаат значително да го зголеми производството во Кина до крајот на деценијата. Во 2022 година Toyota во Кина произведе 1,84 милиони возила и сака, до крајот на деценијата, да постигне зголемување од 63%. Компанијата планира тоа да го оствари со поттикнување на локалниот персонал да води голем дел од развојот, користејќи го нивното разбирање за преференциите на кинеските потрошувачи.

Втор чекор е консолидирање на производството на возила со своите кинески партнери. Моделите ќе се произведуваат на една локација, тие ќе продолжат да се нудат во двете дилерски мрежи, што сигнализира поунифициран пристап кон нејзината фрагментирана локална стратегија. И другите јапонски марки засегнати се од растечката конкурентност на кинеските возила. Honda и Nissan веќе го намалија својот производствен капацитет, додека Mitsubishi се повлече од кинескиот пазар. Во меѓувреме, локалните производители на автомобили, како што е BYD, брзо заземаат терен, испорачувајќи привлечни производи по конкурентни цени што резонираат кај кинеските потрошувачи.

Toyota направи одредени напори да ги локализира своите понуди. Пример за тоа е bZ3C, електричен седан дизајниран специјално за Кина. Опремен е со литиум-железо-фосфатен пакет батерии од одделот за батерии FinDreams на BYD, кој може да се пофали со автономија поголема од 500 км.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER