Toyota – 30 милиони произведени возила во САД

Јубилеј за почит

Kaizen се пресликува и на заедницата

објавено 12. февруари 2021

Присуството на Toyota во САД трае повеќе од шест децении но првата фабрика на американско тло е пуштена во работа 1986 година од чии монтажни ленти излегуваше Corolla. Од тогаш Тојота порасна на 10 фабрики во САД и 14 во Северна Америка инвестирајќи 13 милијарди долари во САД во период од пет години, почнувајќи од 2017 до 2021 година. Компанијата отвори повеќе од 6.500 нови работни места. Само за фабриката во Индијана создадени се нови 550 работни места и инвестиции од 1,3 милијарди долари во нови инструменти и технологија. Токму од оваа фабрика излезе 30-ти милионтото произведено возила на Toyota во САД, а честа припадна на редизајнираниот хибриден миниван Sienna. На тамошниот пазар Toyota е број еден производител според продажбата на алтернативни погони на возила како хибриди, електрифицирани и на горивни ќелии 21 година по ред, со кумулативна продажба од скоро четири милиони примероци. Во 2020 година, продажбата на возила со алтернативен погон претставуваше скоро 16 проценти од обемот на пазарот во Северна Америка, што е за 23% повеќе од претходната година. Брендовите Toyota и Lexus во моментов нудат 16 хибриди, електрифицирани и возила со горивни ќелии во нивниот состав. Во своите фабрики во САД Toyota има 36.000 вработени.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER