Од првиот производ, камионот Model G1 претставен во август 1935 година, Toyota Motor Corporation за своето 88 годишно постоење, произведе 300 милиони возила!
Оваа бројка ја сочинуваат 180,52 милиони возила произведени во Јапонија и 119,6 милиони произведени во останатите фабрики низ светот. Моделот со најголемо вкупно производство е Corolla со 53,4 милиони примероци.
За ова големо остварување Претседателот на компанијата Акио Тојода го цитираше својот дедо, Киичиро Тојода кој рече: „Производството на автомобили е нешто што сите го прават заедно“. Па самиот продолжи „Мислам дека оваа бројка од 300 милиони е доказ за сета напорна работа, секој ден, на нашите колеги во Toyota, нашите добавувачи и дилери.
Мислам дека бројот на автомобили ги кажува приказните за нашите клиенти, а клиентите кои ги избрале автомобилите на Тојота да бидат нивни партнери, се она што ни овозможува да продолжиме да правиме автомобили до ден-денес. Благодарен сум од сѐ срце.“