Toyo Tires ќе гради во Србија
Србија лапна 390 милиони евра јапонска инвестиција
Објавено на 31 јули 2019 година
Јапонската компанија Toyo Tires извести дека е одлучено да се гради фабрика за пневматици во Србија. Според плановите во септември ќе биде основата филијала која ќе биде носител на активностите околу изградбата на фабриката, а потоа и пласманот на пневматиците. Градежните активности ќе започнат во мај идната година во околината на Инџија на парцела од 600.000 m², а производството ќе стартува во јануари 2022 година. Тоа во целост ќе биде наменето за европскиот и рускиот пазар каде сега се пласираат пневматици од фабриките на Toyo Tires во Јапонија и Малезија. Капацитетот ќе биде 5 милиони пневматици за патнички и лесни товарни возила годишно, а ќе бидат вработени 500 лица. Во целост ќе биде имплементирана таканаречената IoT (Internet of Things) технологија со која таа ќе функционира како софистицирана паметна фабрика. Вкупната инвестиција изнесува 48,8 милијарди јени, односно 390,5 милиони евра.