Togg ја напаѓа Европа

Кросоверот T10X ќе стигне пред крајот на годинава

Шест години по основањето и скоро две години по започнувањето на производството, турскиот Togg најави дека при крајот на годинава ќе започне со освојување на европскиот пазар. Продорот ќе го предводи нивниот засега единствен модел кросоверот T10X, за кој сé уште не се знае каде, во кои конфигурации и по кои цени ќе биде понуден. Секако, во фокусот е германскиот пазар каде турската марка веќе има свое претставништво. Главниот адут сепак ќе следи малку подоцна, со лансирањето на помалиот кросовер T8X од Б-сегментот наредната година. Како што и се очекуваше, Togg во родната Турција станува сериозен пазарен играч освојувајќи околу половина од вкупната продажба на електрични возила. Таму Togg T10X чини околу 40.000 евра, цена за која купувачите добиваат еден електромотор од 218 коњски сили и батерии доволни за 314 километри автономија.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER