Прототип за демонстрација на технологиите

Во своето пет децениско постоење јапонската компанијата ТНК во развојот на автомобилската технологија допринела со повеќе иновации. Неодамна, го претстави својот напреден електричен прототип LSR-05 кој е целосно функционално возило. Развиено е за да истакне низа напредни технологии на THK за примена низ глобалната автомобилска индустрија. LSR-05 е дизајниран од Широ Накамура, автор на некои од највлијателните автомобилски дизајни во светот.

LSR-05 е создадено првенствено како платформа за покажување и вредноста на иновациите на THK преку кои можеме да се забрза развојот на технологиите за возила од следната генерација. LSR-05 е кросовер купе со четири седишта создаден да ги спои луксузот, спортскиот изглед и технологијата во елегантна, но прогресивна надворешност. Името е акроним изведен од зборовите  луксуз, спорт и револуција, додека бројката означува петтата генерација на возила од основањето на компанијата.

Платформата LSR-05 се одликува со софистициран систем за управување со четири тркала преку интеграција на два електрични мотори направени од ТНК со 220 kW сместен напред и 93 kW во задниот дел. Платформата интегрира неколку клучни THK технологии кои обезбедуваат удобност при возењето и стабилност при управувањето, вклучувајќи активната суспензија, активните амортизери исполнети со флуид и електричните сопирачки. LSR-05, исто така, располага со бесконтактен систем за пренос на енергија, совршено отелотворувајќи ја напредната визија на THK за идната мобилност.

Од внатрешноста, кабината вклучува невидлив систем за лизгање на седиштата поставен на рамен под, обезбедувајќи луксузен и удобен внатрешен простор. Отворената внатрешна тема е пренесена во околината на возачот која има широка површина на екранот, спојување на модерната технологија со природни материјали, фини детали и видлива премиум изработка.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER