Tesla Robotaxi – Европска турнеја

И покрај својот политички ангажман Илон Маск не губеше време и ќе го донесе своето роботизирано такси во Европа.

Ветувајќи дека иднината на автономното возење ќе стане реалност испланирани се серија настани на кои Tesla Cybercab ќе биде претставен. Во овој прв бран со него ќе бидат запознаени жителите на шест града на Стариот континент – Берлин, Париз, Лондон, Амстердам, Стокхолм и Осло.

Во секоја од овие метрополи роботизираните такси возила ќе се задржат по скоро три недели, што покажува дека се очекува голем интерес на Европјаните за новите технологии на Tesla. Со право бидејќи како што знаеме Cybercab е развиен со идеја да се обезбеди еколошко и ценовно прифатливо решение за урбан превоз на патници.

Според пресметките што на презентацијата ги кажа Маск, трошоците за неговото роботизирано такси треба да изнесуваат околу 20 центи за една милја односно 7 денари за километар. Поинаку кажано, исто како и со автомобил што троши 9 литри бензин на сто километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER