Tesla Roadster „пристигна” на Марс
Објавено на 31 јули 2019 година
Помина година ипол откако Tesla Roadster беше лансиран во вселената – доволно многумина да се запрашаат како би изгледало ако електричниот спортист на Елон Маск стигне до површината на Марс. Не е утопија – тој верува дека до 2050 година ќе колонизираме барем дел од црвената планета. Во тој поглед своја визија на иднината понуди и романскиот графички дизајнер Андреи Лацатусу во која површината на Марс изгледа како околината на езерото Треска после првомајски викенд – празни шишиња, пикавци и амбалажа насекаде. А тука некаде се најде и Roadster покривен со прашина…