Tesla подготвува „вселенски“ пикап

Tesla подготвува „вселенски“ пикап

Како што ја промени иднината на автомобилите, Tesla така сака да ја промени иднината и на пикапите
Објавено на 9 јули 2018 година

Можеби му се потсмеваат на Елон Маск за постигнатиот успех во производството на 5.000 примероци на Model 3 неделно, но факти се дека Tesla ја промени иднината на автомобилите и дека е највредна автомобилска компанија од Америка. Исто така факт е дека пред неа сé уште се многу неистражени подрачја, како што на пример се камионите и пикапите. И додека Tesla веќе навлегува во камионскиот сегмент, светот со нетрпение очекува со што ќе настапи меѓу пикапите, кои веќе со децении се најпродавани возила на северноамериканскиот континент. Тоа автоматски значи дека таму има добри пари за заработување, кои според првичните и во голема мерка претпоставени најави Маск ќе ги собере уште во првата „реколта“.

Имено, пикапот што Tesla го подготвува треба да биде нешто досега невидено во овој сегмент, во кој скоро воопшто да не се нудат електрични модели. Според најавите лично пристигнати од Маск, тој стандардно ќе има два електромотора и ултимативно ослонување, што преведено од „американски“ значи моќни теренски својства. Да нема забуна околу терминологијата, треба да знаеме дека основните верзии на сите пикапи во САД стандардно се испорачуваат без погон на сите тркала. Токму во ова Маск ја гледа предноста на својот иден продукт пред останатите, што дополнето со, како вели, „лудиот вртежен момент“ што го испорачуваат електромоторите, навистина ќе биде нешто невидено на пазарот. Маск уште дополнува дека пикапот ќе има и излези за напојување на надворешни уреди, со што неговата практичност ќе биде подигната на ултимативно ниво бидејќи ќе може да се користи како генератор на струја на непристапни терени. Другите клучни функции се очекува да вклучуваат адаптивно ослонување кое ќе се прилагодува на товарот, камери од 360 степени, можност за автоматско паркирање и слично.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER