Tesla – Непријатности

Принуден одмор…

Бизарната сообраќајка индиректно го доведе во прашање кредибилитетот на Tesla.

Додека не се расчитат причините за стравичната несреќа во Париз, 37 возила Tesla Model 3 од такси компанијата G7 остануваат на паркинг. Минатиот викенд се случи тешката несреќа во центарот на Париз, во која загина едно и 20 лица беа повредени. Според извори од печатот, такси возилото, што возачот го користел за приватни потреби со семејството, станало протагонист на хорор сцена. Возилото ненадејно забрзало, прегазило велосипедист кој подоцна починал, удрил во контејнер со стакло кого го превртел, а содржината се искршила. Лудата сцена не завршила со тоа. Возилото продолжило да забрзува удирајќи во семафор од кого се одбил и удрил во пешаците кои чекале да преминат улица за да, на крајот, се судри со камион.

Според наводите, возачот залудно се обидувал да го сопре разулавениот автомобил. Контролата за алкохол кај возачот покажа негативни резултати. Како мерка на претпазливост и додека не се разјасни точната причина за несреќата, сите 37 Модел 3 што се на располагање ќе бидат вон употреба. Такси платформата G7 организира вкупно 9.000 возачи и нивните такси возила од кои половина се хибридни и електрични возила. Првичните наоди сугерираат дека можеби се заглавил педалот за забрзување. Возачот за весникот „Ле Паризиен“ изјавил дека сопирачките не функционирале и дека возилото било вон контрола. Наместо да сопре, неговото такси забрзувало. Tesla ги анализираше податоците од таксито и, според сопствените информации, не можеше да најде технички грешки и рече дека соработува со париските власти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER