Tesla – Model Y поскапува

По ланското поевтинување на возилата, Tesla ги корегира цените во САД и во Европа.

Tesla ја зголемува цената за својот електричен кросовер Model Y во голем број европски земји на 22 март за околу 2.000 евра. Тоа следи по најавата на компанијата дека од 1-ви април во САД ќе ги зголеми цените на Model Y за 1.000 долари. Само пред две недели на американскиот пазар Tesla ги зголеми цените за 1.000 долари. Ваквиот потег од компанијата го оправдуваат со намалената побарувачка на БЕВ на глобалниот пазар и обезбедување на континуирано производство. Маргините на заработка на Tesla беа пореметени од ценовната војна со ривалите што започна пред повеќе од една година. Во јануари, Tesla предупреди на „забележително помал“ раст на продажбата оваа година. Сега фокусот е на производство на првиот евтин модел кој го носи кодното име Redwood.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER