Tesla Model 3 што се распаѓа…
Во буквална смисла на зборот – се откачи управувачот среде возење!
Објавено на 14 мај 2020 година
Тесла е марка која е позната по напредните технологии, но и по нискиот квалитет на возилата, но до волку никој не можеше ни за замисли. Сешто низ текот на годините имаме слушнато за тоа, ама случајот на овој возач од Велика Британија е единствен – управувачот му останал во раце среде возење! Возилото Модел 3 било старо еден месец и имало поминато само 340 милји, а возачот за среќа успеал безбедно да запре. Истрагата на сервисерите на Tesla покажала дека завртката со која тој се прицврстува на своето место не била стегната, а возилото за секој случај детално ќе биде прегледано.