„Скромни“ верзии на Model S и Model X
Основните изведби на моделите Ѕ и Х од Tesla со погон на сите тркала и два мотори ќе бидат достапни за одредени европски пазари од првиот квартал на годинава. Тие ги имаат дизајнерските ажурирања на моделите со три мотори, а исто така имаат целосно обновен кокпит.
Сепак, за разлика од Model X Plaid, кој се произведува како стандарден шестосед, основната верзија може да се конфигурира со пет, шест или седум седишта. По желба и двата модели може да се нарачаат и со конвенционален волан. Новиот погон на сите тркала со двоен мотор го забрзува Model S од 0 до 100 km/h за 3,2 секунди, а X за 3,9 секунди, а двата достигнуваат максимална брзина од 250 km/h.
Благодарение на оптимизираната аеродинамика и помалата основна тежина, Tesla ветува стандарден опсег според WLTP циклусот помеѓу 576 за X и 634 километри за Ѕ. Новата генерација на модели може да се препознае и по натписот „Tesla“ на задната врата наместо со претходно вообичаениот симбол на брендот Т.


