Целта е да ce лансира модел кој ќе чини 25.000 евра и ќе се прави во фабриката во близина на Берлин
Оваа изјава ја дал извршниот директор на Tesla, Илон Маск, за време на посетата на фабриката Груенхајде, во близина на Берлин и е во согласност со плановите за долгорочниот развој на компанијата. Германската фабрика моментално го произведува Model Y, најпродаваниот EV во Европа.
Маск долго време најавуваше подостапен електричен автомобил, но во 2022 година рече дека сè уште не ја совладал технологијата, па затоа го откажал планот. Сепак, Tesla се приближува кон иновацијата што ќе му овозможи да го излее речиси целото подвозје на електричното возило во едно парче, технологија што ќе помогне да се забрза процесот на производство и да се намалат трошоците.
Проширувањето на масовниот пазар е од клучно значење за исполнување на целта на Tesla да ги зголеми испораките на возила на 20 милиони до 2030 година. Но, слабата економија и високите каматни стапки ја погодија побарувачката за електрични возила, што ја натера Tesla да ги намали цените во последните месеци во обид да ја зголеми продажбата.


