Subaru Legacy :: Најнапреден досега

Најнапреден досега

Subaru во Европа е аутсајдер, но во Северна Америка лани продаде дури 680 илјади автомобили

Објавено на 8 февруари 2019 година

Иако само мал дел од нив се од моделот Legacy, Јапонците го сметаат за еден од клучните за имиџот на Subaru како марка. Затоа и доста вложуваат во неговиот развој. Резултатите од тоа можеме да ги видиме во неговата седма генерација, чија продажба ќе започне наесен.

Претставен како најнапреден во својата 30-годишна историја, новиот модел може да се пофали со доста технички дотерувања. Главни карактеристики и понатаму му се стандардниот погон на сите тракала и боксер моторите, кои ги има два во понудата. 2,4 литарскиот турбо испорачува 260 а атмосферскиот 182 коњски сили, кои се пренесуваат преку безстепен менувач. Новата платформа со задна полурамка е за 70 отсто покрута и ги подобрува управливоста и комфорот, а за истакнување е и подобрата звучна изолација. Дизајнерски нема радикални измени, но затоа внатрешноста е многу променета. Квалитетните материјали се дополнети со бројни премиум детали, а количината електроника е на завидно ниво. Покрај сите познати безбедносни асистенти, се издвојуваат автоматското запирање при возење наназад и системот за задржување на возилото на средината во коловозната лента. Не се заборавени ниту нешта како на пример далечинско стартување на моторот и контрола на климатизацијата преку мобилен телефон.

Освен во Русија, овој модел никаде не се продава во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER