Tarform (со видео) » Скап електричен мотоцикл во стил на Лудиот Макс

Скап електричен мотоцикл во стил на Лудиот Макс

Американско-шведската компанија Tarform подготвува електричен мотоцикл со најмодерна технологија и дизајн во апокалиптичен стил

Објавено на 26 август 2019 година

Иако со дискутабилни карактеристики, електрични мотоцикли на пазарот има сé повеќе. Трендот го подгреваат многу млади компании, кои на свој начин сакаат да се изборат за парче небо под сонцето. А тоа некогаш знае да свети апокалиптично, како во случајот со американско-шведската компанија Tarform. Тие сакајќи да бидат различни од другите, под изговорот дека имплементираат ретро елементи створија електричен мотоцикл кој како да е наменет за Лудиот Макс. Направен е сосема од нула, делумно со 3-Д печатење на некои компоненти. Неговите автори тврдат дека големо внимание имаат посветено на деталите за сé да се вклопи во една заокружена целина. А како изгледаа таа, можете и самите да се уверите.

Но и покрај сите забелешки што можеби ќе ги имате, овој електричен мотоцикл има најмодерни технички решенија – од ЛЕД светлата до поврзаноста со мобилен телефон. Заради тоа и не е баш евтин – почетната цена му изнесува 18.000 долари. Техничките спецификации за него не се во целост објавени. Се споменуваат само автономијата од 145 градски километри и времето на полнење на батериите од околу 4 часа. Производството би требало да му започне при крајот на годинава, до кога можеби ќе биде познато нешто повеќе.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER