Kia Sedona :: Свеж предизвик

Свеж предизвик

Големите моноволуменци во Европа се во изумирање, но преку Атлантикот добро се држат
Објавено на 16 мај 2018 година

Kia темелно го обнови моделот Sedona кој е слабо познат на Стариот Континент. Атрактивно дизајниран, овој миниван ги исполнува сите барања за долги и комфорни патувања. Долг е 5,1 метар, што заедно со широчината од точно два метра обезбедува мноштво простор во внатрешноста. Визуелните корекции ги истакнуваат големата маска и закосените светла со ЛЕД технологија. Браниците се благо поагресивни, а тркалата од 19 инчи ја разбиваат монотонијата на силуетата. Соодветни измени има и во внатрешноста. Инфо-забавниот систем е нов, инструмент таблата помодерна, а материјалите поквалитетни. Опременоста е збогатена со повеќе безбедносни асистенти, меѓу кои активен темпомат и систем за автоматско запирање.

Овој модел некаде познат како Kia Carnival се нуди со 3,3 литарски бензинец со 276 коњски сили и 8-степен автоматски менувач. Цените треба да се движат од доста прифатливи 27 илјади долари за основната, па до 42 илјади за најлуксузната изведба.

Kia Sedona

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER