Швајцарија ќе воведува посебни давачки за електричните возила
Со образложение изговор дека парите ќе одат за одржување на патиштата, во Швајцарија се разгледува воведување дополнителни давачки за електричните возила. Логично, бидејќи државата останува од приходите за таа намена вклучени во цената на горивата. Затоа се размислува за два модела на оданочување – според бројот поминати километри или како посебен данок на струјата за полнење. Во првиот случај километражата би се бележела на техничките прегледи додека за вториот не е јасно како ќе се знае колку струја е потрошено за полнењето на батериите ако тоа се прави дома. Овој предлог сега е на јавна расправа после што како и за сé друго во Швајцарија граѓаните ќе се изјаснат на референдум. Во земјата има 4,8 милиони автомобили од кои пет отсто електрични а 10 отсто плаг-ин хибридни.


