Suzuki S-Cross : Аутсајдерот покажува заби

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Тивка вода брег рони!

Најдобар пример дека упорноста се ислатува е Suzuki S-Cross

Помалку срамежливо, токму за обележување на 15 годишнината од постоењето, настапува третата генерација на кросоверот S-Cross. Во својата кариера никогаш не бил меѓу водечките во продажбата, но успеа да опстои на пазарот во сегмент кој е извонредно конкурентен.

Во техничка основа ништо не е сменето и се користат постоечките решенија со погон на предните или на сите тркала што овозможува излети вон асфалтот. Фокусот е ставен на обновување на изгледот на каросеријата и во внатрешноста во рамки на постоечките димензии. Целосно редизајнираната наметка изгледа помодерно и аголно.

Во знак на електрификацијата понуден е ефикасен 48-волтен хибриден погон што му асистира на 1,4-литарскиот турбо-бензинец. Јапонците се надеваат дека тоа ќе им обезбеди подобар пласман на пазарот. Моќта е 129 коњи, максималниот вртежен момент е 235 Nm. Декларираните бројки за потрошувачка се ниски. S-Cross троши само 5,1 литри бензин на 100 километри.

Со шест-брзински автоматски менувач и погон на сите тркала, вредностите се само маргинално повисоки. Во понудата ќе бидат вклучени три нивоа на опременост со стандардни LED фарови, електрични прозорци, греење на предните седишта, систем за влез без клуч и сеопфатен пакет системи за асистенција.

Од самиот почеток на продажбата, во првиот квартал на 2022, ќе биде вклучена Comfort + верзијата со погон на сите тркала како и панорамски покрив, седишта од синтетичка кожа и систем за навигација. Следната година, гамата треба да се прошири и да вклучи високонапонски хибрид кој е опремен со автоматизиран рачен менувач. За Европа S-Cross ќе се произведува во фабриката на Suzuki во Унгарија.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER