Suzuki има ново лого

Кој ќе ја најде разликата…

После 22 години Suzuki го измени својот амблем. Но разликите може да ги забележи само искусно дизајнерско око – основните контури на препознатливата буквата S се исти, само сега таа е дводимензионална, без хромирани детали. Со овој потег и Suzuki се придружи на низата други автомобилски производители кои своите логоа ги прилагодија на дигиталното доба. Во ова време во кое во пласирање на информациите доминираат телефоните, блескавите тридимензионални амблеми со доста украсни детали стануваат минато.

Логото на Suzuki влече корени од 1958-ма година и со текот на децениите скоро и да се нема менувано – разликите секогаш како сега биле дискретни. Новото лого за прв пат ќе се појави на концептите што се подготвуваат за салонот на автомобилите во Токио кој започнува на 30 октомври.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER