Трета генерација

Suzuki со Hayabusa ја формира класата на хипер моторцикли

објавено 9. февруари 2021

Како што доликува на основоположник на еден сегмент, за третата генерација на единствениот Hayabusa направени се темелни измени не само во технички аспект. Концептот на ”рафиниран ѕвер” е задржан со неопходни дизајнерски зачини. Прво што паѓа во око се LED светлата кои го истакнуваат карактерот додека аеродинамичната силуета е потпис на препознавање. Пред да се дефинира изгледот земени во предвид беа шест цилиндерски, како и мотор со турбо полнач, но заклучено е дека постоечкиот четири цилиндерски со зафатнина од 1.340 ццм и 190 коњи е најдобар избор. Освежен е со полесни клипови и брегаста оска па сега има култивирано однесување и линеарни забрзувања во режим на средни вртежи. Под будното око на електрониката се одвиваат сите процеси, особено оние поврзани со динамиката на возењето. Максималната брзина е електронски ограничена на 299 км/ч, додека возните својства, преку неколку понудени подесувања, се прилагодени за секојдневна употреба во сообраќај или на тркачка патека! Веќе од следниот месец Hayabusa ќе влезе во понудата на Suzuki со ориентациона цена пониска од 20.000 евра за повеќето пазари на ЕУ.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER