Suzuki e-Vitara – Од Индија за Европа

Suzuki ќе започне со производство на својот прв електричен модел во Индија во следните неколку месеци. Се очекува e-Vitara да биде достапна и во Европа од средината на 2025 година.

Најавени се две верзии. Првата е со капацитет на батерија од 49 kW и 144 КС, додека втората има батерија од 61 kWh и 174 КС, кои ќе бидат достапни и со погон на сите тркала со дополнителен мотор од 65 КС на задната оска. Системот на e-Vitara Allgrip-e има 183 КС и вртежен момент од 300 Nm.

e-Vitara е долга 4,28 метри и е базирана на ново развиена платформа за електрични погони. Визуелно се базира на Stude eVX, кој беше претставен на почетокот на минатата година. Во зависност од верзијата, тежината се движи од 1,7 до 1,9 тони.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER