Subaru – Outback Wilderness

Новитети

Дивината на дланка!

Во Европа Subaru е на маргините, во Америка гази силно

објавено 13. април 2021

Subaru реши квалитетно да го искористи покровителството на Toyota и да понуди модели кои досега ги немаше во гамата. Или барем нивни изведби, како што е Outback Wilderness кој е прилагоден за посериозни излети надвор од асфалтните патеки.

Не е вистински теренец бидејќи  се работи за повисок караван, но сепак способностите не му се за потценување. Клиренсот му изнесува повеќе од солидни 24 сантиметри, а погонот на сите тркала е засилен со Active Torque Vectoring систем. И останатата електроника е прилагодена за совладување на дивината, во што своја улога ќе имаат и модификуваното ослонување, теренските пневматици и грубите пластични заштити на каросеријата.

Покрај тоа дизајнерски се разликува од стандардниот Outback по уште некои стилски елементи, а внатрешноста е малку облагородена за подобро да се оправда повисоката цена која засега не е позната. За погон е задолжен познатиот 2,4 литарски турбо боксер со 260 коњски сили, спарен со CVT менувач и скратен финален пренос за полесно искачување на нагорници.