Струјата влегува и во Сант’Агата Болоњезе
Идниот Aventador ќе биде електрифициран затоа што мора да биде
Објавено на 24 јануари 2018 година
Lamborghini Aventador е претставен во 2011 година на женевскиот салон на автомобилите и нормално е после седум година Италијанците да се заокупирани со неговиот наследник. А нему, како велат гласините бидејќи трендови се такви, електрификацијата му не гине. Токму тоа најмногу ги мачи инженерите на Lamborghini бидејќи батериите ја зголемуваат тежината на возилото, а тоа суперавтомобилите не го трпат. Сепак спецификациите горе-долу веќе се поставени – новиот Aventador ќе има 7,0 литарски V12 агрегат со 800 KS, но за електропогонот засега ништо не се знае. Се шушка дека ѕверот од Сант’Агата Болоњезе ќе има два електромотора со кои ќе развива околу 1.000 коњски сили, но точната бројка ќе зависи од тестирањата.
Начелно премиерата на новиот Aventador е планирана за 2020 година.