Lancia Stratos ги разбранува, а Ypsilon ги смири страстите

Stratos ги разбранува, а Ypsilon ги смири страстите

Објавено на 12 февруари 2018 година

Веста дека во Женева ќе биде претставена модерна реинкарнација на Lancia Stratos ги разбранува страстите. Но во потрагата по веродостојни информации откривме дека новост од Lancia е нешто сосема друго. Имено, иако веќе неколку години оваа марка ја нема на европскиот пазар, таа сé уште живее во Италија. Во понуда е само еден модел – малиот Ypsilon, кој за годинава благо е освежен. Измените се скромни, но како велат од Fiat деталите ја прават разликата. А тие се состојат од новите материјали за внатрешноста и побогатата опрема. Додадени се и повеќе можности за Lancia Ypsilonперсонализација и тоа би било сé. Гамата мотори се состои од 1,2 литарски бензинец со 69 и 1,3 литарски дизел со 95 коњски сили. Постои и верзија со погон на природен гас. Овој модел е базиран на Fiat 500 и колку да изгледа застарен, сепак е интересен за Италијанците. Продажбата му е доста стабилна и се движи околу 60.000 примероци годишно. За тоа придонесуваат и цените, кои на оваа обновена верзија започнуваат од 9.500 евра.

За да ја заокружиме веста треба да кажеме уште и дека модерната верзија на Stratos е проект на една германска фирма која не е поврзана со италијанскиот производител. За неа во некоја друга прилика.

Lancia Stratos

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER