Инвестицијата во производство на литиум-сулфурни батерии значително ќе го намали загадувањето при нивното производството
Во Европа е еден од лидерите во електрификацијата но во Америка Stellantis доста доцни зад другите. Една од причините е производството на батерии на кое компанијата сериозно гледа како носечки столб на идните активности. Затоа и не изненадува одлуката првичните пазарни заслуги да им се препуштат на конкурентите за потоа да се инвестира во вистинското решение.
А тоа веќе е на повидок. Инженерите на компанијата веруваат дека литиум-сулфурните батерии за електричните возила ќе го презедат приматот во годините што доаѓаат. Според нив развојот на оваа технологија ќе резултира со пониски цени и за дури 60 отсто помали емисии на јагленород диоксид во процесот на нивното производство. Како стратешки партнер е избрана младата компанија Lyten од Силиконската долина, чии визии се ветувачки.
За разлика од традиционалните, за изработката на овој тип батерии не се користат никел, кобалт и манган. Суровините за нивно производство генерално можат да се набават од локални извори без проблеми и по пристапни цени, како во Америка така и во Европа.
Примената на новото технолошко решение ќе ги задоволи потребите на индустријата која бара полесни батерии со поголема енергетска густина. Засега не се познати висината на инвестициите во нивниот развој како и термините кога првите возила со нив би биле лансирани на пазарот.


