Stellantis – Водородна експлозија

насловна Новитети

Тандем за пресврт?

Двата новитети лансирани под беџот на Opel и Citroen ја ставаат групацијата Stellantis во една сосема нова улога.

Електрификацијата е приоритет, но во сé поголем фокус е зелената енергија добиена од други извори. Најдалеку е отидено во полето на хидрогенските горивни ќелии, технологија која ја прифатија повеќето марки за комерцијални возила, што е само меѓу чекор кон имплементацијата во патничките возила. Благодарение на искуството на Opel што го има во ова поле лансирани се две комбиња под различна марка и различни развојни партнери.

За својот Vivaro-e Hydrogen Opel го избра производителот на апарати за домаќинство Miele. Првото комбе со водородни горивни ќелии се користи во секојдневната теренска служба во областа Рајна-Мајна. Французите пак дебитираа со Citroen e-Jumpy Hydrogen одбирајќи ја групата SUEZ како свој развоен партнер. Позната по својата ориентација производствениот процес да достигне ниво на нулта емисија на јаглерод, во својата фабрика Каркасоне во Франција за интерни потреби на транспорт ќе го користи „двојниот шеврон“. Двата модели, без оглед кој беџ носат, опремени се со погон на водородни горивни ќелии засилени со електрична подршка.

Таквата комбинација нуди повеќе од 400 километри автономија. Горивната ќелија од 45 kW обезбедува доволно енергија за подолги патувања на автопат додека струјата складирана во батеријата од 10,5 киловат часови овозможува да помине 50 километри. Технологијата на водородни горивни ќелии има свои предности. Полнењето гориво со водород трае само три минути, кратко колку застанување за полнење со конвенционално гориво. Оваа солуција го проширува опсегот на користење и автономијата на возилата, па нема да изненади доколку стане масовна.