Реконструкција за производство на БЕВ
Италија ќе ги произведува електричните возила на новата STLA Medium платформа
Фабриката во Мелфи, јужна Италија, ќе биде реконструирана и приспособена за изработка на БЕВ. Во 2024-та таму треба да започнат да се произведуваат електричните модели на DS и Opel/Vauxhall. Со оглед дека се работи за возила со должина од 4,3 до пет метри, ќе биде мобилизирана нова STLA Medium платформа адекватна на специфичните потреби за батериите кои ќе имаат од 87 до 104 киловат-часови и ќе понудат опсег до 700 km. Овие планови се поклопуваат со најавите дека DS ќе го претстави крос-оверот, потенцијално наречен, DS 9 Crossback.
Се очекува моделот да биде со средна големина, пет врати и со повисока позиција на седење слична во пропорциите на Citroen C5 X долг 4,8 м направен за Кина. На почетокот на 2025 година ќе се приклучи сестрински модел, замена за Opel Insignia, но уште не е јасно во кој смер ќе се развива каросеријата. Дали ќе остане лимузина или ќе се надгради во крос-овер е одлука која допрва се исправува пред менаџментот, но секако ќе биде основа за идниот Peugeot 508 и 5008.
На ова треба да се надоврза потврдата за целосно електрична замена за компактниот теренец DS 7 Crossback кон крајот на 2025 година и потенцијалите кои ги најавува Lancia со електричната Aurelia. Stellantis просечно во Мелфи ќе произведува 90.000 возила годишно од четирите целосно електрични модели помеѓу 2026 и 2029 година. Моментално таму се произведува малиот крос-овер FIAT 500X, Jeep Renegade и Jeep Compass. Дел од производството на Renegade се извезува во Северна Америка.

