Мароко станува сé позначајна производствена база за автомобили
Големата побарувачка Citroen Ami и нему братските Fiat Topolino и Opel Rocks ги изненади дури и планерите на Stellantis кој со инвестиција од дури 1,2 милијарди евра ќе ги зголеми капацитетите за негово производство во фабриката во Мароко од 20 на 70 илјади возила годишно. Интересот за ова мало електрично автомобилче е посебно изразен во земјите од Јужна Европа заради што одлуката да се произведува на северот на Африка беше доста умна. Оваа фабрика во провинцијата Кенитра е отворена 2019 година, со годишен капацитет од 200.000 возила. Освен споменатите во неа се произведуваат и некои модели наменети за арапските земји. Со новиот план ќе бидат опфатени и локалните добавувачи со чија помош локализацијата на деловите и компонентите од сегашните 69 ќе се зголеми на 75 отсто. Минатата година извозот на мароканската автомобилската индустрија достигна 13,5 милијарди евра што изнесува една третина од вкупниот извоз на земјата.


