Stellantis – Засилување на темелите

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Нова ѕвезда во соѕвездието!

Најновиот член на групацијата Stellantis е Share Now и се приклучува на корпорациската платформа за мобилност Free2move. Компанијата за споделување на автомобили Share Now е формирана од Mercedes-Benz Mobility и BMW Group. Групациите се сложија за условите на превземањето и се согласија да не ги откриваат деталите за трансакцијата. Договорот сега е во рацете на релевантните антимонополски органи. Растечката групација Stellantis, која лани пријави нето добивка поголема од пет милијарди евра, гледа голем потенцијал во платформата за споделување на возила. Share Now оди во пакет со Charge Now, па логично е развојот да се концентрира на две централни деловни области со висок потенцијал за раст,  дигитална мултимобилност и дигитални услуги поврзани со полнење на електрични возила. Покрај сегашните 56,8 милиони корисници нови десет партнери за мобилност ќе бидат интегрирани на платформата во 2022 година, создавајќи дополнителни опции за мобилност за сегашните. Сликата станува целосна со податокот дека Digital Charging Solutions GmbH (DCS) стои зад брендот CHARGE NOW. Таа обединува возачи на електрични возила и оператори на станици за полнење во 31 европска земја со инфраструктурата на повеќе од 300.000 точки за полнење на континентот. DCS моментално покрива повеќе од 85% од услугите за наплата во Европа. Со купувањето на Share Now, подружницата за мобилност на Stellantis, Free2move, ќе има можност дополнително да го прошири споделувањето на автомобили во Европа. Следниот чекор е ширење на бизнисот во Америка и Азија.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER