Поскапуваат патарините во Србија

Од денес низ Србија се плаќа повеќе

Возачите низ Србија од денес ќе издвојуваат за 10 отсто повеќе за патарини од порано. Така возењето од Ниш до Белград со патнички автомобил ќе чини 1.130 динари, од Белград до Шид 500 а до Суботица 800 динари. Освен во готово со динари или со кредитни картички, за возилата со странски регистарски таблички плаќањето може да се врши и во евра, при што цените како кај нас се заокружени на половина или цело евро. Новост за возачите на камиони кои користат уреди за електронска наплата е што можат да остварат 10 отсто попуст ако нивните возила се со Еуро 6 стандарди. Но новост е и тоа што од идната година во Србија патарина ќе се плаќа и за брзите магистрали, по цени кои ќе бидат за околу 20 отсто пониски отколку на автопат.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER