Audi A6 Avant :: Спој на елеганцијата и практичноста

Спој на елеганцијата и практичноста

Новиот Audi A6 Avant има багажник кој нуди до 1.680 литри простор
Објавено на 17 април 2018 година

Иако во денешно време популарноста na караваните опаѓа, после претставувањето на новиот Audi А6 во Женева љубителите на марката желно ја очекуваа и ваквата негова верзија. Со право, бидејќи Audi A6 Avant изгледа подобро од било кога. Предниот дел ѝ е идентичен со лимузината, додека задниот е елегантно изведен. ЛЕД светлата и хромираната лајсна одлично се вклопени и ја прикриваат благо нагласена агресивност. Audi уште еднаш потврди дека знае како да направи караванска изведба која е спој на сите карактеристики на марката. Некои позначајни корекции во внатрешноста нема – таа е преземена од седанот и се одликува со модерен, дури и футуристички дизајн. Audi A6 AvantКвалитетните материјали се комбинирани со нови технолошки решенија. Посебно се истакнуваат дигиталната инструмент табла и двата централни дисплеи. Практичноста ѝ е подобрена со неколку умни решенија, а багажниот простор раширен на 565 литри. Со соборување на задната клупа се добиваат повеќе од солидни 1.680 литри. За возните карактеристики ќе бидат задолжени четирите вида ослонување и опционалното управување на сите тркала. Системите за безбедност ги има многу на број, а новитет е електричната инсталација од 48 волти со стартер-генератор.

Во овој момент не е прецизно објавено со кои мотори A6 Avant ќе биде понуден. Сепак работите по ова прашање се прилично јасни и на почетокот треба да го очекуваме со два трилитарски агрегати – бензински со 340 и дизел со 286 коњски сили. Послабите верзии ќе се појават подоцна, а наредната година ќе следи и plug-in хибридна погонска група. Како и досега врв во понудата ќе бидат S6 и RS6, кои треба да ги очекуваме најрано за година ипол до две. Иако кросоверите се голема закана за неа, нема да биде прескокната ниту полутеренската Allroad изведба.

Audi A6 Avant

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER